Црна хроника
Уште едно бегство на малолетници од воспитно поправниот дом во Тетово
Уште едно бегство се случило вчера во воспитно поправниот дом во Тетово, соопштуваат од министерството за правда
Тројца малолетници кои биле казнети поради извршени кражби, вчера околу 18:30 часот избегале од отворениот дел на Воспитно поправниот дом во Тетово. Поради најновото бегство, директорот на установата ги суспендираше заповедникот на Секторот за обезбедување, Живко Андоновски и уште четворица надзорници бидејќи им го овозможиле бегството на малолетниците. „Овие лица во вечерните часови на 03.11.2010 година со непочитување на правилата и прописите за вршење на службата, овозможиле тројца малолетници на кои им е изречена воспитна мерка упатување во воспитно поправен дом за сторени кражби, околу 18 и 30 часот незабележано да се оддалечат од Отворениот дел на Воспитно поправниот дом Тетово, иако биле должни да се грижат за безбедноста на Домот и за безбедноста на малолетните лица и да ги почитуваат правилата и прописите за вршење на службата“ се вели во соопштението на министерството за правда. Вчера попладне во исто време од казнено – поправниот дом во Велес побегнаа тројца малолетници. Полицијата се уште трага по нив. Ова е петто бегство од македонските затвори за само десеттина дена. Се уште се трага по петмина бегалци од затворите во Битола, Тетово и Штип.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.