Црна хроника
Прободените средношколци надвор од животна опасност
Средношколците коишто попладнево беа прободени со нож во близина на скопската гимназијата „Орце Николов“ се надвор од животна опасност
Еден од учениците не бил примен во Градската болница, а другото дете кое имало убодна рана во близина на срцето по лекарската интервенција се наоѓа надвор од животна опасност, информираат од болницата. Расправијата настанала попладнево околу 13 часот, меѓу две спротиставени групи на средношколци, една од гимназијата „Орце Николов“, другата од гимназијата „Никола Карев“. Тепачката почнала во гимназијата „Орце Николов“, а потоа продолжила на една од уличките во близина на училиштето. Неофицијално, едно од повредените деца е син на началникот на генералштабот, Мирослав Стојановски,а во тепачката бил вклучен и син на поранешен полициски функционер.Според првичните информации, причината за расправијата била банална, а меѓунационалната трпеливост е исклучена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Крадел во викенд куќа во Берово: уапсен 36-годишен маж
Вчера во 18.40 часот во викенд куќа на ул „Туристичка“ во Берово, полициски службеници од Полициската станица Берово го лишиле од слобода Б.Ч.(36) од Берово.
Тој бил затекнат при извршување на кривично дело „тешка кражба“ од викенд куќата, од каде одзел повеќе предмети.
Бил задржан во полициска станица и во службен разговор признал уште едно кривично дело „тешка кражба“ од друга викенд куќа.
Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите, против Б.Ч. ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Двајца уапсени, пукале пред кафеана во Охрид
Денеска, во 00.15 часот, пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа 67-годишниот К. Б. и 37-годишниот М. П., двајцата од Охрид, извести СВР Охрид.
„Тие претходно го нарушиле јавниот ред и мир со пукање во воздух од пиштол ‘радом’ во калибар од 9 милиметри, сопственост на М. П.“, велат од СВР Охрид.
Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница
Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја нападнало 53-годишната О.Т. од Охрид и ѝ одзел пари, извести СВР Охрид.
„Притоа, таа се здобила со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид“, велат од СВР Охрид.
За настанот, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.