Црна хроника
Женски труп пронајден на плажата „Галеб“ во Струга
Женски труп претпладнево е пронајден на брегот на плажата „Галеб“ во центарот на Струга. Идентитетот на жртвата засега е непознат, а полицијата ги истражува околностите под кои таа го загубила животот.
„Нешто по 11 часот водата исфрли тело тука на плажата „Галеб“, но изгледа дека тоа подолго време било во езерото, а дали е дојдена од длабочина или поблиску не знам“, пренесува изјава на очевидец на немилиот настан интернет порталот „Ohridnews“.На местото на несреќата увид вршат екипи на струшката полиција и истражен судија, кои ги очекуваат наодите на лекарите што треба да помогне во расветлување на случајот.На истото место во септември во трагичен настан животот го загубија тројца угледни граѓани на Струга.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.