Црна хроника
Лажни докторки ветувале преглед и наплатувале 4.000 денари
Четири девојки, злоупотребувајќи го името на Специјалната болница „Филип Втори“, на граѓаните им нудат ортопедски појаси, влошки и лекови, како и ветувања за лекарски прегледи за кои земале 4.000 денари, се вели во соопштението од болницата
Од „Филип Втори“ понатаму информираат дека граѓаните кои го пријавиле случајот, објаснувале дека девојките ветувале прегледи кај д-р Жан Митрев за што наплаќале 4.000 денари.Според очевидците девојките „оперирале“ низ скопскиот регион, а последен пат биле видени во населбата Ченто.За случајот е информирано и Министерството за внатрешни работи, а од болницата потенцираат дека закажувањата за преглед, дијагноза и начин на лекување се вршат само во просториите на болницата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.