Црна хроника
Кумановец криел 10 илегални мигранти од Палестина и Сомалија
Кумановец во својот дом криел 10 илегални мигранти од Палестина и Сомалија, кои илегално требало да бидат пренесени преку македонско – српската граница
Во неговата куќа во Средорек, кумановско завчера полицијата направила претрес при што во една од просториите во куќата пронашла шестмина Палестинци и четворица Сомалијци, кои претходно илегално ја минале македонско – грчката граница. „Палестинските мигранти, пријавениот ги прифатил и засолнал во неговиот дом, а во договор со А.И. за паричен надомест од 1250 евра требало наредниот ден истите илегално да ги префрлат во Р.Србија. За тоа на А.И. веднаш му биле исплатени 850 евра, а остатокот од сумата требало да ги исплатат откако илегално ќе ги префрлат во Србија“ се вели во соопштението на МВР. Кумановецот е уапсен и му е одреден триесетдневен притвор, а се уште се трага по неговиот соработник.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.