Црна хроника
Голем пожар во живинарска фарма во тетовското село Требош
Голем пожар избувнал утринава околу 8:15 часот во живинарската фарма „Везе шари“ во тетовското село Требош, информираат од СВР Тетово
Пожарот се уште не е изгаснат, а во гаснењето на пожарот вклучени се и противпожарни возила од Скопје. Според првичните информации на СВР Тетово, изгорен е објектот каде што биле сместени управните служби и објектот каде се наоѓале кокошките носилки. Жртви нема, но направена е огромна материјална штета. Причините за пожарот се’ уште не се утврдени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.