Контакт

Црна хроника

Екстрадиран од Хрватска второобвинетиот од акција „Фаланга“

Објавено пред

Македонската полиција го екстрадираше од Хрватска второобвинетиот од акцијата „Фаланга“ кој се бараше со меѓународна потерница и моментално е во затворот во Шутка, соопштува МВР

Четириесет и петгодишниот Македонец се сомничи за злосторничко здружување, тешка кражба, оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости, изнесување, односно извезување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.За него веќе има една правосилна пресуда донесена и изречена во негово отсуство во септември годинава со која е осуден на затворска казна од три години за слично дело од 2007 година.Во акцијата „Фаланга“ беа направени претреси во околу шеесетина објекти на над педесетина приведени лица, од нив 29 заработија кривични пријави, а беше откриено огромно количество вредни и скапоцени артефакти.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Возило удрило во пешак и уште два паркирани автомобили во Кичево

Објавено пред

Пешак се здоби со тешки телесни повреди, откако во него удрил автомобил.

Од МВР информираат дека настанот се случил вчера на улицата „Исеин Акиоски“ во Кичево.

„Патничко возило „форд ескорд“, со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(21) од Кичево, удрило во патничко моторно возило „опел вектра“, со охридски регистарски ознаки, паркирано од М.О.(43) од Кичево, а потоа и во пешакот М.Ш.(60) од Кичево и во патничко возило „опел астра“, со кичевски регистарски ознаки, паркирано од В.Ш.(32) од Кичево. Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Кичево, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кичево“, велат од МВР.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Скопјанка во домот родила мртво бебе

Објавено пред

Жена од селото Драчевица, Скопско, која била бремена во шестиот месец, вчера пријавила дека додека била сама дома, родила мртво бебе.

Од лекар од итната медицинска помош кај новороденчето била констатирана смрт, без траги на насилство, информираат од полицијата.

По наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Скопјанец починал во својот стан по каснување од стршен

Објавено пред

Скопјанец на возраст од 49 години бил пронајден починат од страна на итната медицинска помош во неговиот стан, на улицата Никола Русински.

На местото на настанот била затекната В. М. (57) од Скопје, која изјавила дека претходно добила повик од мажот, кој ѝ кажал оти го каснал стршен и побарал од неа да повика итна медицинска помош.

Увид на местото на настанот извршила полицијата, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет39 минути

Секој десетти заболен од ковид-19 во Англија е медицински или социјален работник

Десет проценти од сите инфекции со ковид-19 во Англија забележани меѓу 26 април и 7 јуни, биле меѓу здравствени или...

Регион2 часа

Црна Гора воведе карантин за сите што доаѓаат од Србија

Националното координативно тело за заразни болести во Црна Гора најави неколку епидемиолошки мерки за целата земја и особено за северот...

Македонија2 часа

Филипче: Се подготвуваат капацитети за есен – ќе се поставува модуларна амбуланта до Клиниката за пулмологија

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека здравствениот систем веќе се подготвува за нов бран на ковид наесен во однос...

Македонија2 часа

Управниот суд ја отфрли тужбата на Наќе Чулев против Владата

Владата соопшти дека како тужена страна го доби решението од Управниот суд, со кое тужбата на тужителот Министерство за внатрешни...

Свет3 часа

Мелбурн ставен во карантин поради коронавирусот

Вториот по големина австралиски град, Мелбурн, ќе биде ставен под карантин поради коронавирусот, пренесе агенцијата АФП. Засега нема повеќе информации...

Свет3 часа

Коронавирусот може да се пренесе преку воздухот, тврдат 239 научници во отворено писмо до СЗО

Ако е точно дека коронавирусот се пренесува преку воздухот, тоа значително ќе влијае на мерките за нејзина контрола, пишува „Њујорк...

Македонија14 часа

„Правда за Кољо“ – нов протестен марш во Аеродром

Стотина млади лица вечерва одржуваа протестен марш од скопската населба Аеродром до кривичниот суд, носејќи транспарент „Правда за Кољо“. Граѓаните,...

Македонија14 часа

Шилегов: И вториот тест е негативен, невидливиот противник е победен

„Вечерва ги добив резултатите од вториот тест на Ковид-19. Како и вчерашниот, и денешниот е негативен.И официјално, невидливиот противник е...

Свет15 часа

Руските власти ископале ров околу село за да го заштитат од Ковид-19

Руските власти ископале ров околу оддалечено сибирско село за да го стават во карантин, откако десетици жители се заразиле со...

Регион17 часа

Во Србија шест лица починаа од коронавирус, регистрирани 289 новозаразени

Во последните 24 часа во Србија од ефектите на коронавирусот починаа уште шест лица, додека  регистриранисе  289 новозаразени лица, соопшти...

Македонија19 часа

ДИК со герила-акција во Охрид и Струга: Ти си на ред! Гласај безбедно!

Државната изборна комисија ја води кампањата „Ти си на ред“ за претстојните предвремени парламентарни избори 2020. Со герила-акција, за првпат...

Македонија21 час

Во просек 13 отсто од тестираните на коронавирус во земјата се позитивни

Во просек 13 отсто од тестираните на Ковид-19 се позитивни, а неделно се прават 8.000 теста, истакна министерот за здравство,...

Македонија21 час

(Интервју) Бачев: Ќе коалираме со онаа партија што ќе се залага за враќање на уставното име

Поништување на преспанскиот договор, поништување на договорот со Бугарија, враќање на уставното име на државата – се црвените линии под...

Македонија21 час

Обвинителот Бубевски заболен од коронавирус, Фатиме Фетаи е во самоизолација

Обвинителот Гаврил Бубевски, кој беше дел од СЈО, а сега е дел од скопското Обвинителство и ги застапува предметите „Насилство...

Регион22 часа

Чедомир Јовановиќ објави фотографија од болница: Уморен сум, сè уште ми е неопходен кислород

Лидерот на српската Либерално-демократска партија ЛДП, Чедомир Јовановиќ, се огласи на „Твитер“ од Клиниката за инфективни болести во Белград, каде...

Македонија22 часа

Петмина починати и 78 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на...

Македонија23 часа

(Видео) Санчез: Се надевам дека по 15 јули, Северна Македонија ќе остане со проевропска влада

Се надевам дека по изборите на 15 јули, Северна Македонија ќе продолжи со ваква проевропска влада, влада што ќе остане...

Регион1 ден

(Видео) И покрај забраната, Грција им дозволи влез на српските туристи кои со часови чекале на граница

Грција донесе одлука од денеска од 6 часот наутро повторно да ги затвори границите за Србија по порастот на бројот...

Топ1 ден

Притвор за двајцата скопјани што киднапираа Италијанка

Судот им определи притвор од осум дена на двајцата скопјани што киднапираа Италијанка. Тие се осомничени за кривично дело противправно...

Култура1 ден

Почина легендарниот композитор Енио Мориконе

Познатиот италијански композитор Енио Мориконе почина на 91-годишна возраст. Мориконе се смета за еден од највлијателните филмски композитори од доцните...

Досие