Црна хроника
Апелација ја потврди првостепената пресуда за нападот врз Алфите кај ПМФ
Апелациониот суд ја потврди првостепената пресуда на Кривичниот суд за нападот врз Алфите кај Природно – математичкиот факултет што се случи пред две години, потврдуваат од Апелациониот суд
Според пресудата на Кривичниот суд, за убиството на еден припадник на Алфите тројца се осудени на доживотен затвор, посочени како извршители на нападот, еден е осуден на затворска казна за помагање. Во нападот кој се случи на 26 ноември во 2008 година, еден полицаец загина, а двајца беа повредени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена нападната од сопругот во Ѓорче Петров
Триесет и четиригодишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот сопруг М.П.(28) од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Дете нападнато од неколку соученици во Скопско
Малолетно момче вчера на пладне било нападнато од неколку соученици во Булачани, Скопско.
Случајот во полицијата го пријавил таткото на детето.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка
Вчера во скопската населба Аеродром, по претходна расправија за паркинг, настанала физичка пресметка помеѓу И.С.(31) и М.Љ.(60), двајцата од Скопје, при што М.Љ. употребил и метален предмет, oбјави МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.