Црна хроника
Затворениците во Идризово се степале поради навреда
По инцидентот од средата навечер во затворот во Идризово кога интервенираа и полициските специјалци, во четвртокот ситуацијата во затворот е мирна, соопштија од Управата за извршување санкции
Од Управата за извршување на санкции тврдат дека дошло до тепачка меѓу поголема група затвореници осудени за тешки кривични дела како што се тероризам, убиство полов напад. Тие се степале со шестмина затвореници од затвореното одделение поради кажана навреда.Бидејќи масовно бил нарушен редот во затворот, биле повикани специјалци на МВР кои не интервенирале внатре во институцијата. Во тепачката биле повредени двајца од надзорниците.И министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска потврди дека полицијата интервенирала и кажа дека во затворот е мирно.„Не постојат индиции за сериозна загриженост за ескалација на настаните”, потврди во четвртокот министерката.Увид на местото на инцидентот направиле полицијата обвинител и истражен судија.Против лицата кои ја предизвикале тепачката се поднесени кривични пријави за учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење должност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.