Црна хроника
Приведени двајца осомничени за убиства
Полицијата приведе уште две лица кои се наоѓаа на списокот на осомничени, за кои беа распишани меѓународни потерници, а се претпоставуваше дека се засолниле на Косово, од кои едниот е осомничен за учество во нападот на „алфите“ кај ПМФ
Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи(МВР), 33. годишните Џемаиљ С. и Џемаљ Р. се обиделе со помош на полицаец од станицата во Драчево, илегално да влезат во Македонија во близина на граничниот премин Блаце, но на пат кон Скопје возилото во кое се наоѓале било пресретнато од полицијата и тие биле уапсени.За еден од приведените постои сомнение дека бил вклучен и во нападот на патролата на припадниците на мобилната „Алфа“ единица и при вооруженото разбојништво на возило на Македонски Пошти на улица Цветан Димов.По Џемаил С. се распишани две меѓународни потерници. Првата за убиство (инволвиран во убиството на малолетниците во интернет кафе во близина на ТЦ „Чаирчанка“) и втора за „недозволено држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“.По Џемаљ Р. има распишано една потерница за повеќе кривични дела „разбојништво“, а постојат индиции дека истиот е инволвиран и во нападот на поштенското возило и во нападот на патролата на „алфите“ кај ПМФ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.