Црна хроника
Синот на сопственикот на Ренова пукал кон навивач на Шкендија
Навивачи на Шкендија тврдат дека синот на сопственикот на фудбалскиот клуб Ренова вчера попладнe пукал кон навивач на фудбалскиот клуб Шкендија , соопштува полицијата
Според навивачите на Шкендија, инцидентот се случил околу 17 часот на патот за село Јажинце кон Тетово, кога навивачите на Шкендија ја славеле победата по натпреварот со Ренова. За време на славењето навивачите на Шкендија запалиле дрес на Ренова. Во тој момент дошол синот на сопственикот на Ренова со својот автомобил и почнал да се расправа со навивачите.Извадил пиштол и го вперил кон дваесет и тригодишно момче. Момчето почнало да бега, при што синот на сопственикот на Ренова испукал еден куршум кон него и заминал со автoмобилот.Полицијата трага по синот на сопственикот на Ренова, за да утврди што точно се случувало на натпреварот./
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против тетовец: ја држел својата снаа затворена во домот и ја тепал
СВР Тетово поднесе кривична пријава против 73-годишниот А.К. од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и „загрозување на сигурноста“, извести МВР.
„Имено пријавениот, својата снаа ја држел затворена во домот, физички ја напаѓал во повеќе наврати и и нанел повреди“, соопшти МВР.
Црна хроника
Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош
Вчера, во 13 часот, во Полициската станица Карпош од Јавната установа за згрижување на деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник, 17-годишниот Ч. С., кој и претходно се оддалечувал и бил враќан, извести МВР.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Уапсен ученик во основно училиште во Влае: скршил дел од инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници
Вчера, во 12.40 часот, во основно училиште на подрачјето на населбата Влае во Скопје, полициски службеници од ЕВР ОКР Карпош лишиле од слобода ученик (штитеник од Јавната установа за згрижување деца) поради тоа што околу 10 часот во училиштето, откако претходно скршил дел од инвентар, физички нападнал и соученици и двајца наставници, а го скршил и мобилниот телефон на еден од наставниците, извести МВР.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.