Црна хроника
За 30 дена 70 кражби во Велес
Во Велес се краде се, од метални предмети до техничка стока, златни предмети, пари, нафта и бензин. Седудмесет кривични дела кражба регистрирале надлежните од СВР Велес во изминативе месец дена или просечно во еден ден во градов се случуваат меѓу две или три кривични дела од ваков тип
Околу една четвртина од нив надлежните ги окарактеризирале како тешки кражби, затоа што при нивното извршување крадците користеле алат со кој поминувале определена препрека, најчесто врата, брава или катанец. Останатите кражби се кога без никаква употреба на сила арамиите стигнуваат до нивниот плен.Статистични гледано и натаму најмногу се крадат метални предмети ,пред се бакар кој многу лесно се продава во отпадите, но се почесто се случува граѓаните да пријават кражба на техничка стока, телевизори ,компјутери ЦД плеери. Во изминатиов месец забележано е отуѓување на алати за работа. Во неколку случаи одземени се машини за малтарење, апарат за заварување и моторна пила.Како мета на крадците, надлежните ги посочуваат постарите жени, бидејки има доста случаи кога им е одземена ташна од раце, а сторителот веднаш побегнува.Од велешката полиција велат дека борбата со ваков криминал е секојдневна работа. Тие се задоволни од процентот на случаи кои се решени и крадците се фатени, а украдените предмети вратени кај сопствениците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.