Црна хроника
Бесими: Извозот се зголемува
Извозот во првите десет месеци од оваа година се зголемил за 20 отсто во споредба со минатата година што покажува подобрување на македонската економија, вели Фатмир бесими, министер за економија
На денешната конференција „Движењата во надворешната трговија на Македонија во 2009 година“ текстилот, железото и челикот беа посочени како главни сектори за извоз.„Минатата година бележи негативни резултати, бидејќи се намалува извозот и увозот ноза оваа година очекуваме дека ќе биде подобра ситуацијата. Податоците покажуваат дека извозот се придвижува и расте со поголема динамика отколку што расте увозот“, рече Томе Неновски, универзитетски професор.Вицепремиерот Владимир Пешевски рече дека за зголемување на извозот за идната година Агенцијата за странски директни инвестиции се стекнува и ќе има за задача да го промовира извозот.„На светско ниво постои еднаквост, односно колку една држава повеќе извезува таа е и поконкурентна и во таа насока ги движиме и мерките за зголемување на извозот“, рече Пешевски.Тој додаде дека продолжува договорот со турската компанија „Шише Џам“ за изградба на фабрика за стакло и очекува започнување на инвестицијата во првиот квартал од идната година.„Јас сум оптимист дека тој процес ќе заврши успешно, но се работи за голема инвестициска одлука од страна на компанијата, очекувам во првиот квартал од следната година да го добиеме конечниот одговор дали ќе инвестираат или не“, рече Пешевски.Инвестицијата на турската компанија беше најавена дека ќе изнесува 45 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.