Црна хроника
Велешанец и се заканувал на министерката за култура и нејзиното семејство
Велешанец за време на интервјуто на министерката за култура Канческа Милевска на А1 Телевизија се јавувал кај нејзината мајка и упатил закани до министерката за култура Канческа и нејзината мајка, соопшти МВР
Околу 21:30 часот, на 25 ноември, велешанецот и се јавил на мајката на министерката и и се заканил дека ќе ги запали, дека ќе гореле и ќе ги загрози нејзиниот живот и животот на нејзината ќерка министерката за култура Елизабета Канчевска-Милевска, како и на останатите членови од семејството.Мајката на министерката исплашена, веднаш и кажала на нејзината ќерка за случајот, која веднаш случајот го пријавила во полиција.„Со наредба од Истражен Судија беа подигнати листинзи од „Т-хоме“ и АД „Оне“ со цел утврдување на комуникацијата меѓу осомничениот и оштетената. Во СВР-Скопје повикан беше Ѓ.А. и со истиот е извршен службен разговор во кој признал дека го дознал домашниот телефон за кој мислел дека е на министерката и се заканувал заради наводно незадоволство од нејзината работа“ се вели во соопштението на МВР.Против шеесет и двегодишниот велешанец е поднесена кривична пријава за загрозување на безбедноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.