Црна хроника
Апелација му го продолжи притворот на Бајруш Сејдиу
Апелациониот суд денеска му го продолжи притворот на Бајруш Сејдиу за случајот Пепел 2, во која на кумановскиот бос му се суди за малверзации во повеќе кумановски фирми
Претседателот на Апелација, Јордан Митриновски, изјави дека во редовна постапка денеска одлучувале за притворот на Сејдиу и одлучиле да му го продолжат.„Советот по службена должност оцени дека притворот на Бајруш треба да му биде продолжен. Нагласувам дека за барањето за притворот се одлучуваше денеска, затоа што предметот природно си дојде на дневен ред за работа во судот. Претходно решававме за барањето за гаранција“ вели Митриновски.Моментално во кривичниот суд во Скопје во тек се завршните зборови за овој случај, во кој е обвинет Сејдиу. Одлуката на Апелациониот суд да го пушти Сејдиу во домашен притвор со гаранција од 1,4 милиони евра предизвика бројни реакции во јавноста.Врховниот суд ја преиначи оваа одлука на апелациониот суд со што Бајруш остана во притвор. Потоа следеа реакции од двајцата претседатели на Врховниот и Апелацискиот суд за тоа која одлука е законска.Претседателот на Апелација и покрај обвинувањата дека одлуката на Врховен е незаконска, идниот ден излезе со став дека Апелација како понизок суд ќе ја почитува одлуката на Врховен. Сега Митриновски тврди дека овие реакции не влијаеле врз денешната одлука на Апелација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.