Црна хроника
Мртво тело најдено во трафостаница
Мртво тело на човек во фаза на распаѓање, чиј идентитет засега сè уште не е познат, вчера околу пладне било најдено во трафостаница на ЕВН во скопската населба Илинден, информираат од МВР
Телото го открил електромонтер кој требало да направи интервенција во трафостаницата. Внатре во неа забележал мртво тело, до кое имало бонсек.Неофицијално, човекот починал од струен удар при обид да сече кабли од трафостаницата. Телото е предадено на обдукција за да се утврди идентитетот и причините за смртта на човекот.Мртво тело на седумдесет и шестгодишна старица било пронајдено вчера во нејзиниот дом во Гостивар.Најверојатно жената починала од студ. Вчера телото било идентификувано и било констатирано дека се работи за Шета А., која две децении живеела во Гостивар, како бегалец од БиХ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.