Црна хроника
Милион денари отштета за родителите на Кметовска
Судскиот совет во Основниот суд 1 во Скопје го осуди на условна затворска казна од една година хирургот Борче Антевски поради несовесно лекување на Наташа Кметовска девојката кој пред шест години почина од заталкан куршум на новогодишна прослава
Хирургот Борче Анетвски нема да ја одлежи казната доколку во рок од три години не стори ново кривично дело. Судот го задолжи осудениот на родителите на Кметовска да им исплати еден милион денари отштета.За случајот одговараа и лекарите Митко Караѓозов и Александар Јосифов кои добија ослободителни пресуди.Ова е втора пресуда за случајот Кметовска. Првично тројцата лекари беа осудени на условни затворски казни од една година, но пресудата ја укина Апелациониот суд. Беше наредено вештачење кое траеше неколку години.Родителите на Наташа Кметовска, Славица и Тихомир Кметовски не се задоволни. „Воопшто не сме задоволни од висината на пресудата односно од казната. Требаше да бидат казнети, кој повеќе, кој помалку. Тројцата тврдат дека совесно ја лекувале Наташа, а Наташа почина”, вели мајката Славица Кметовска. Најавија дека нивниот адвокат повторно ќе поднесе жалба на пресудата.Против д-р Александар Јосифов, д-р Митко Караѓозов и д-р Борче Антевски Обвинителството поднесе обвинение за тешки дела против здравјето на луѓето. Во списите пишува дека тие неодговорно ја лекувале Кметовска иако знаеле за тешките последици кои можат да настапат. Не ја утврдиле локацијата на зрното во телото на девојката и ништо не сториле за да го отстранат проектилот.Прв во болница ја примил д-р Митко Караѓозов. Според лекарот биле направени две рентген снимки од кои на втората имало негативна сенка како жица , но таа снимка била третирана како грешна. Со запис за прием со посекотина ја презел Јосифов.Кметовска се пожалила на проблеми со стомакот и го повикал д-р Владо Јаневски, абдоминалец да ја прегледа. Било одлучено да се прати состојбата оти и двајцата се посомневале на болки од слепо црево или од менструален циклус. Потоа пак ја презема сега осудениот Антевски кој тврдеше во текот на судењето дека девојката се жалела на болки, но тој мислел дека е хистерична реакција или проблем со дишењето. Заминал на тешка операција и во меѓувреме Кметовска починала. По неколку дена на лекарска комисија реагирал оти имало променета дијагноза, тврдеше на судењето д-р Борче Антевски.Наташа Кметовска три дена по новогодишната ноќ на Клиниката за торакална хирургија починала, од како што покажа обдукцијата, огнострелната повреда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.