Црна хроника
Во Битола приведен дилер на хероин
Битолската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишниот битолчанец со иницијали Е.У. заради постоење основано сомневање дека стори кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
„Бидејќи Одделот за недозволена трговија со дроги при СВР Битола подолг временски период наназад располага со оперативни сознанија дека пријавениот се занимава со неовластено пуштање во промет на наркотични дроги, вчера кај него беше извршен личен преглед и беше пронајдена непозната прашкаста материја“, вели портпаролот на СВР Битола мр. Ѓоко Стрезовски. Исто такаво понеделникот, од страна на полициски службеници бил извршен претрес во домот на пријавениот на битолската улица „Караорман“. „Пронајдени се четири најлонски пакувања со непозната прашкаста материја и едно пластично шише со непозната материја. Констатирано е дека се работи за хероин со вкупна маса од 33,6 грама, “ вели Стрезовски. Пријавениот дрогата ја набавил во странство и илегално ја внесол во Македонија. Пријавениот заедно со кривична пријава е предаден на истражен судија од битолскиот основен суд кој му одредил притвор до 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.