Црна хроника
Oграбена поштата во Топаанско
Вооружен разбојник со пиштол вчера пред 19 часот ограбил експозитура на „Македонски пошти“, во населбата Топаанско поле, информираат од МВР
Крадецот влегол во поштата и заканувајќи му се со пиштолот на вработениот му наредил да наполни една пластична кеса со пари. Развојниот избегал со плен од 500 евра. Полицијата трага по ограбувачот. Пред само десетина дена, маскиран и вооружен разбојник ја ограбил експозитурата на „Македонски пошти во населбата „Бутел“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.