Црна хроника
Одбиени жалбите за притворот на управителите од случајот „Перо Наков“
Кривичниот совет ги одби жалбите на решението за притвор кои беа поднесени за управители од случајот „Перо Наков“, потврдија од Кривичниот суд
„Кривичниот суд ги одби жалбите на решението за притвор и ја потврди одлуката на истражниот судија“ велат од Кривичниот суд.Жалби на решението за притвор беа поднесени за актуелниот и поранешниот директор на А1 телевизија.Жалбата за притворот на директорката на А1 беше поднесена поради, како што вели адвокатот Мики Вујиќ, нееднаквиот третман со поранешниот директор на „Време Еч“.Останатите од осомничените решија да не поднесуваат жалби, бидејќи како што вели адвокатот Вујиќ, не верувал дека ќе биде донесена објективна и законска одлука и дека со жалбите само ќе се пролонгира притворот на осомничените.Истражниот судија во петокот пред полноќ по десетчасовен распит им одреди триесетдневен притвор на 14 од осомничените меѓу кои и на сопственикот на А1 телевизија, Велија Рамковски, неговата ќерка, директорката на А1 телевизија, како и поранешниот директор на А1 телевизија.Притвор во отсуство му беше одреден и на неговиот син и на уште четворица странски државјани.Во петокот осомничените беа пренесени во истражниот затвор во Шутка. Дел од притворените се бранеле со молчење, а дел дале исказ пред истражниот судија.Во акцијата која што полицијата ја нарече „Пајажина“ се осомничени вкупно 23 лица. Тие се сомничат за злосторничко здружување, даночно затајување, перење пари. Според органите на прогонот, десет фирми нелегално заработиле околу 18 милиони евра, а со неплаќањето данок државниот Буџет го оштетиле за околу четири милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.