Црна хроника
Газда извадил пиштол на вработените затоа што барале плата
Сопственик на фирма нападнал вработени затоа што барале плата, јавува Охридњуз.
Во втроникот во просториите на текстилната компанија „Викторија-Фешн“ дошло до вербална расправија меѓу сопственикот на фирмата и четири работнички, вработени во фабриката, кои од него побарале да им ја исплати неисплатената плата.Откако го одбил нивното барање,сопственикот на текстилната фабрика од работното биро извадил стартен пиштол и пукал во воздух по што едната од работничките со пиштолот ја удрил во пределот на левото уво, а потоа со раце нападнал и истуркал друга работничка во „Викторија-феш“„.Двете нападнати работнички се здобиле со лесни телесни повреди констатирани во Општата болница во Охрид.По целосното документирање на овој случај, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.