Црна хроника
Ја истепал лекаркaта зашто мислел дека е жена му
Пациент во штипскиот клинички центар вчера претепал лекарка од интерното одделение мислејќи дека е неговата жена
Инцидентот се случил во одделот за интензивна нега, кога триесет и деветгодишниот пациент кој бил примен пред три дена со дијагноза, алкохолна кома, правел неред околу неговиот кревет.Кога дошла дежурната лекарка ја удрил со две силни тупаници и ја раскрварил устата. Подоцна во исказот рекол дека ја нападнал бидејќи мислел дека е жена му.Обезбедувањето ја смирило ситуацијата и го пријавиле случајот во полиција. Пациентот е префрлен во психијатриската болница во Бардовци, а лекарката е на домашно лекување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.