Црна хроника
Штипјанец со автомобил бркал полицајци
Бркотница низ штипските улици меѓу полициско возило „фолксваген поло“, во кој се возеле тројца сообраќајци и „мерцедес“ управуван од триесетгодишен штипјанец
Во бркотницата еден сообраќаец е полесно повреден на левото колено .Се’ започнало вчера околу 21 часот зад стоковната куќа во Штип, кога сообраќајците го забележале „мерцедесот“ со бугарски регистерски таблици како ги прекршува сообраќајните прописи. Сообраќајците почнале да го следат автомобилот, кој запрел кај основното училиште „Версај“. Во тој момент возачот го стартувал „мерцедесот“ и се вратил наназад при што го удрил полициското возило, а потоа избегал.Сообраќајците излегле од возилото, но „мерцедесот“ се вратил. Почнал да го удира полициското возило, го туркал 50 метри и го исфрлило на тротоарот. Притоа оштетил паркиран „фиат типо“, сопственост на државното петпријатие за домување во Штип. Откако завртел со возилото околу трговскиот центар се приближил до полицајците, го запрел возилото и повторно го стартувал кон полицајците, кои се качиле на тротоар за да не ги прегази.Возачот се вратил назад со автомобилот, излегол од него и отишол во кафетерија каде што бил приведен. На штипјанецот му била земена крв и урина, за да се провери дали бил во алкохолизирана состојба. Против него ќе биде поднесена кривична пријава за спречување на службено лице во вршење на службена должност и за насилство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.