Црна хроника
Затвореник од Идризово ја убил старицата во Ранковце
Затвореник кој бил пуштен на викенд од затворот „Идризово“ го извршил свирепото убиство во кумановското село Ранковце минатиот месец, кога беше убиена шеесет идевет-годишната Трајка Н.
Триесет ипет-годишниот затвореник на 21 декември бил пуштен на викенд од Идризово.Другиот ден дошол во месноста Маала Ќурчинци, атар на селото Ранковце каде што провалил во две куќи во кои никој не живеел и откако не нашол пари, ноќта ја поминал во една од нив.Утредента ја забележал Трајка во нејзиниот двор. Со намера да провали во нејзината куќа, влегол во нејзиниот двор, мислејќи дека заминала да купи леб.Откако ја забележал Трајка во помошната просторија и побарал пари. Трајка му дала 200 денари, но крадецот бил незадоволен и на сила од џеб и украл 3.000 денари.Мислејќи дека во куќата ќе најде уште пари, затвореникот ја врзал старицата за столицата, по што со селотејп лента и ја залепил устата, излегол од помошната просторија која ја заклучил и влегол во нејзината куќа.Откако и ја пребарал и не нашол ништо затвореникот си заминал во неговиот дом. Утредента се вратил во КПУ „Идризово“, каде по неколку дена слушнал дека Трајка починала.Од земените траги од биолошко потекло од самото место на настанот, како и од трагите подигнати при обдукција над покојната, утврдено е совпаѓање со извршената ДНК анализа од осомничениот.Инаку тој се наоѓа на издржување казна затвор поради сторени 63 тешки кражби и кражби на подрачјето на Крива Паланка и Скопје.СВР Куманово поднесе кривична пријава против убиецот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.