Црна хроника
Презакажан почетокот на судењето за случајот „Сопот”
Судскиот процес за случајот Сопот во кој 11 -мина се обвинети за тероризам, односно за поставување бомба под џип на НАТО, денеска во Основниот суд 1 во Скопје беше презакажан за следниот месец
Ќе им се суди за подметнување мина во селото Сопот во 2003-та година во која животот го загубија двајца полски војници на НАТО и еден цивил, а беа осудени на вкупно 156 години затвор.Судијата кажа дека стартот на судењето ќе биде презакажан поради технички причини, односно допрецизирање на тоа кој од обвинетите се достапни за судот и кои адвокати ќе ги бранат.Еден од 11-сетмината обвинети сам се појави во судницата иако за него имало потерница и одреден притвор. Тој пред судијата кажа дека никој не дошол да го приведе или да го побара. По одлагањето на судењето обвинетиот доби обвинителен акт и беше однесен во притвор во затворот Скопје во Шутка.Судијата на присутните им појасни дека почнува нов судски процес за случајот откако биле споени три други судски постапки за истото дело. Еден од обвинетите веќе е во затвор, петмина се недостапни, а останатите петмина се во домашен притвор.Од оштетените никој не се појави во судница. Во судот дошло известување само од повредената преведувачка која го известила судот дека поради здравствени причини и лечење во странство нема да присуствува на судењето.Немаше претставник ниту од полската амбасада.Бранителите на обвинетите бараа повторување на постапката а и пред кумановските и пред скопските судии, главен аргумент на одбраната во барањето за ново судење беше заклучокот на собраниската анкетна комисија дека во постапката имало прекршување на човековите права.Главен доказ беше тврдењето на сведокот Рамадан Бајрами дека исказот го дал по жестока тортура од полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.