Црна хроника
Истрели од непознат правец раниле човек во Тетово
Клиничкиот центар во Тетово вчера пријавиле во СВР-Тетово дека кај нив било донесено лице повредено од огнено оружје
Соседот на 53-годишниот повреден, сведочел дека истиот ден околу 13,30 часот го забележал својот сосед седнат на клупа покрај патот, а во пределот на колкот му течело крв.Во тој момент пристигнале сопругата и синот на повредениот, кои го внеле во возило и го пренеле во КЦ-Тетово.Од преземените мерки утврдено е дека претходно биле слушнати четири истрели од огнено оружје испукани од непознат правец. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Тетово и во тек се мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.