Црна хроника
Изгазена старица и повредено шестгодишно дете во две сообраќајки
Старица од Тетово загина, а шестгодишно дете е повредено во две одделни сообраќајки што се случиле во реонот на Тетово, соопштуваат од СВР Тетово
Едната сообраќајка се случила утрово околу 9:30 часот во тетовското село Камењане кога камион „мерцедес“ со тетовски регистарски таблички удрил во осумдесет ичетири-годишната старица Исние Ајвази.Со тешки телесни повреди, старицата била пренесена во тетовскиот клинички центар, каде што подоцна им подлегнала на повредите.На местото на несреќата направен е увид и се работи на утврдување на точните причини поради кои настанала сообраќајката. Неофицијално, трагедијата се случила додека камионот се враќал наназад и не забележувајќи ја старицата удрил во неа.Другата сообраќајка се случила вчера околу 15 часот на улица „Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово кога автомобил „сузуки витара“ удрило шестгодишно дете и побегнал. Детето е пренесено во тетовската болница, а полицијата трага по возачот на „сузукито“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.