Црна хроника
Расчистен случајот во хемиско, кривични пријави за 14 лица
Расчистен инцидентот што се случи во средното хемиско училиште „Марија Кири Склодовска“ кога група од петнаесетина вооружени лица со шипки и ножеви повредија четворица ученици и еден професор
Приведени се вкупно 14 лица против кои ќе следуваат кривични пријави за насилство, а се трага по уште едно лице, соопштуваат од МВР. Приведените се на возраст од 15 до 20 години и биле ученици во други училишта. Лицето кое се уште е во бегство, како и повеќето од приведените во крим евиденцијата минуваат за тешки кражби, разбојништва, изнуда и други кривични дела. Се започнало околу 9:30 часот утрината за време на големиот одмор, кога четворица од напаѓачите маскирани со капи и шалови влегле во училиштето. Напаѓачите дошле во училиштето за да се пресметаат со седумнаесетгодишен ученик во хемиското, бидејќи ја навредувал девојката на еден од напаѓачите зошто била во љубовна врска со него. Откако го испитале теренот четворицата си заминале и телефонски ги повикале своите другари, на кој им порачале да повикаат колку што може повеќе нивни другари. Се сретнале на „Рекорд“ и со автобус со број седум се упатиле кон училиштето. Кога пристигнале во училишниот двор извадиле гумена палка, метални шипки, боксирачи, ножеви и шише пиво. Почнале да удираат по влезната вратата со клоци, а еден од нив фрлил и шише од пиво по вратата. Психологот на училиштето се обидела да ги спречи, но ја турнале, по што влегле во ходникот и ги нападнале средношколците кои случајно се затекнале во ходникот. Со два убоди од нож се здоби професорот по физичко кој се обидел да ги раздели и уште четворица други ученици. Напаѓачите избегале од местото во непознат правец, а повредените завршија во Ургентен центар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.