Црна хроника
Приведен ученикот кој со нож прободе средношколец во Велес
Причината е расправија од ноември минатата година но во која наместо сега оштетениот ученик учествувал неговиот соученик кој во четвртокот во критичниот момент бил со нападнатиот С.Ј.
Седумнаесетгодишниот Б.А е средношколецот кој во четвртокот околу пладне фо прободен со нож во грбот ученикот С.Ј. Откако полицијата го идентификуваше напаѓачот за кусо време нејзините припадници успеаја и да го пронајдат.Расправија која се случила во ноември минатата година помеѓу осомничерниот и ученикот кој бил заедно со оштетениот, од која произлегол судски спор е причина за немилиот настан од вчера.За стореното кривично дело од вчера кога со нож во холот на училиштето Коле Неделковски од Велес прободе ученик , Б.Ј од полицијата заработи пријава за сторено кривично дело Насилств.Сега во судот во Велес тој покрај за нарушување на јавен ред и мир ќе одговара и за кривичното дело „насилство“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.