Црна хроника
Грабеж на бензиска пумпа на „Макпетрол“
Бензиска пумпа на „Макпетрол“ доцна синоќа била ограбена, соопштуваат од МВР
Спред нивните информации, разбојникот два часа по полноќ влегол во бензинската во скопската населба Ченто и со нож почнал да му се заканува на вработениот. Украл 67.600 денари и избегал.Бензинските пумпи на „Макпетрол“ често се мета на разбојниците. Поради зачестените грабежи пред извесно време, компанијата „Макпетрол“ ги повика надлежните органи да превземат ефикасни мерки за откривање и казнување на сторителите на овие разбојништва.„Зачестените напади и грабежи на објектите на „Макпетрол“, во компанијата поттикнаа отворено да се сомневаме дека се работи за разбојнички акции на организирани криминални групи насочени против фирмата“ се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.