Црна хроника
Приведен криминалец кој треба да одлежи 20 години затвор
Припадниците на полициската единица „Алфи“ провеле криминалец кој со централна потерница се бара за одлежување на затворска казна од вкупно 20 години и осум месеци, соопштуваат од МВР
Дваесет и осумгодишниот Аднан Ј. кој бил приведен вчера наутро, од 2006 до 2009 година е осудуван за тешки кражби.„Аднан Ј. од 2006 година до 2009 година за сторени кривични дела – “тешки кражби“ – е осудуван во отсуство на затворски казни од: четири години (2006 г.); од 2 години и шест месеци (2007); од пет години (2008), од седум години и два месеци (2008) и од две години (2009) или севкупно 20 години и осум месеци затвор“ соопштуваат од МВР.Аднан сега се наоѓа во Идризово на издржување на затворската казна./
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.