Црна хроника
Сексуално злоставувана малолетничка од Гостивар
Петмина гостиварци сексуално злоставувале петнаесетгодишно девојче од гостиварските села, соопштуваат од МВР
Полицијата ги уапси и со кривична пријава ги изведе пред истражен судија, кој им одреди триесетдневен притвор за киднапирање, силување и сексуално злоставување.Гостиварците го држеле девојчето затворено и освен што ја злоставувале тие, ја принудувале и да дава услуги на клиенти.Како што информираат од полиција, девојчето уште минатата година било пријавено дека заминало од дома.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера вo 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Методија Андонов- Ченто“ со сервисна улица која ги поврзува клучка Ченто и бул.„Александар Македонски“ М.Н. (22) од с. Арачиново,скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Н., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовчанец агресивно се однесувал со полицаец кој вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера во 18.45 часот полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ.Ј.(37) од Тетово, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник кој вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.