Црна хроника
Новиот осомничен за „Пајажина” во Америка
Во Основниот суд 1 во Скопје во истражното одделение од десет часот утринава се притворените за случајот Пајажина. Обвинителството поднесе нови докази за сомнежот дека притворените затајувале данок и переле пари.
Покрај тоа, Обвинителството побара спроведување истрага за уште едно лице од Струмица. Но овој обвинет не е во Македонија, туку живее во Америка.Според наши извори истрагата почнала навреме и биле обезбедени подобри услови за работа. Притворените беа сместени во судница 9 од каде со дел од роднините можеа да се поздрават преку отворениот прозорец. Останатите работеа во големата судница за организиран криминал. Само за првоосомничениот Велија Рамковски судијата потрошил два часа за да му појасни што се новите наоди на обвинителството. Нему му се читале сите материјали доставени до истрагата.Потоа за останатите притворени судот работел побрзо бидејќи за нив биле кажани и сработени само делови од материјалите на Обвинителството кои се однесувале за нив.Истрагата се очекува да трае до крајот на работното време на судот.Обвинителството побара проширување на истрагата за нови 2 милиони евра даночно затајување и истрага за уште еден управител. За секој од осомничените се проширени делата за кои одговараат.Рамкоски и 10 управители на фирми лоцирани на Перо Наков од 25 декември лани се во притвор. Три управителки се во куќен притвор, а за новиот осомничен притвор не е побаран.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.