Црна хроника
Адвокат со заразна болест го одложи судењето „Сопот”
Судскиот процес за загинувањето на полски војници од подметната мина во 2001 г. кај кумановско Сопот денес се одложи поради неподготвеност на адвокат кој имал заразна болест
Токму во моментот кога судијата констатира дека сите достапни обвинети се во судница, а за недостапните донесе решение да им се суди во отсуство, адвокатот на дел од обвинетите побара одлагање. Тој на судот даде оригинал документи од Инфективна клиника и појасни дека бил многу болен од заразна болест. Затоа лекарите му препорачале лечење во болницата, а потоа и подолготрајно лекување во домашни услови. Бидејки морал да се лекува, адвокатот појасни дека ниту се видел со обвинетите, ниту бил во можност да се подготви за судење. Затоа побара нов термин за почнување на судскиот процес.Судијата прво го искара адвокатот оти порано не го известил судот дека е болен и дека ќе бара одлагање. Адвокатот бил должен да му каже на судот порано со поднесок за да се ангажира големата судница во Кривичниот суд. Денес судењето беше во малата судница девет, каде одвај се најде место за обвинетите и странките. Потоа судијата го презакажа судењето за три недели.Случајот Сопот е познат на јавноста по анкетната комисија во Собрание каде се бараше и се успеа во намерата да се отвори нов судски предмет за случајот.Според барањето на Комисијата и адвокатите на обвинетите жителите на село Сопот не биле виновни за поставувањето на мината од која загинаа војниците. Клучниот сведок кој кажал дека тие се терористите, бил крвнички тепан и принуден во полиција да каже таква приказна. Сега истиот сведок повторно ќе се испрашува. Дел од селаните од Сопот веќе се осудени на повеќегодишни затворски казни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.