Црна хроника
Тешко повредени работници на ЕВН
Двајца работници на ЕВН се тешко повредени при изведување електродистрибутивни работи, откако паднале од бандера
Во петокот околу пладне, во селото Требовле, Македонски Брод, при изведување на електродистрибутивни работи од екипа на ЕВН Македонија, дошло до несреќен случај во кој 56. и 47-годишен работник, двајцата од Македонски Брод, паднале од бандера на бетонска подлога. Работниците биле превезени во Медеицинскиот центар во Прилеп, каде им се констатирани тешки телесни повреди и се задржани на натамошно лекување.Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, увид на местото на инцидентот извршила екипа од Полицската станица во Македонски Брод.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.