Црна хроника
Кривични за зависници кои напаѓаа стари жени во Аеродром
Дваесет итри-годишен зависник и негов 30-годишен пријател, регистрирани наркозависници, заработиле кривични пријави откако се осомничени дека се извршители на четири тешки кражби мината година и една од годинава при што украле предметиво вредност од малку повеќе од илјада евра
Двајцата пријавени кои оперирале на подрачјето на скопската населба Аеродром, на потегот од булеварот „Србија“, преку улицата „Коста Новаковиќ“ до булеварот „АВНОЈ“, како свои жртви ги избирале повозрасните жени на кои едниот им приоѓал од задгрб и им ги кинел златните синџирчиња, додека соучесникот го одвлекувал вниманието на жртвата.По разговорите со нападнатите жени и прибирање повеќе оперативни сознанија, осомниченти биле приведени во полициската стнаица „Бит пазар“ , каде биел препозмнаени од оштетените а смаите ги признале кражбите.Двајцата арамии признале дека златните ланчиња кои ги одземале од жртвите ги продавале во скопската Стара чаршија, а за добиените пари купувале дрога./
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Казни за 140 возачи, возеле над дозволеното
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 140 возачи.
Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 86 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 54 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.