Црна хроника
Кај бездомник најдена бомба и револвер
Во саботата гостиварската полиција поради сомневање за кражба привела 40-годишо лице од селото Речане, а при претресот пронашла рачна бомба и револвер без фабрички број
Во квечерните часови во саботата припадници на полициската станица од Гостивар во отпадот „ВЕК“ во селото Здуње го привеле 40-годишникот од селото Речане кој бил осомничен за кражба. Притоа при претстресот на возилото „нисан сани“ без таблички кое било оставено на отпадот а кое на вработениот му служело како преноќиште била пронајдена рачна бомба „кашикара“. По приведувањето од разговорот со осомничениот, полицајците утврдиле и дека тој на отпадот имал сокриено и револвер од кој бил отстранет фабричкиот број кој со претрага бил подоцна пронајден. Од Министерството за внатрешни работи, информираат дека гостиварската полиција во текот на денот презема мерки за документирање и расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.