Црна хроника
Прегазен пешак во Прилеп
Уште една сообраќајка во која е прегазен пешак. Синоќа околу 21 часот на улица „Моша Пјаде“ во Прилеп прегазен е пешак, на кого се уште му се утврдува идентитетот, соопштуваат од МВР
Според нивните информации, комби возило „ситроен џампер“ со прилепски регистерски таблички управувано од триесетгодишнот прилепчанец П.Т. прегазило пешак, кој починал на лице место.Се работи за машко лице, но неговиот идентитет се уште се утврдува. Телото е предадено на обдукција, а полицијата ги испитува причините за сообраќајката.Пешаците се се почести жртви во сообраќајните несреќи. Вчера во скопската населба Чаир беше прегазено десетгодишно девојче, кое преминувало улица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.