Црна хроника
Затвореник пронајден мртов во Шутка
Затвореник утрово е пронајден мртов во ќелија во истражниот затвор Скопје во Шутка, соопштуваат од Министерството за правда
Станува збор за дваесет и петгодишниот Симон Станковски од Скопје кој бил осуден на затворска казна од 3 години за кривично дело „Разбојништво“.Утрово при редовна контрола и поделба на појадокот, припадниците на секторот за обезбедување го пронашле Станковски мртов во својата постела. Според првичните информации, Станковски се предозирал.Станковски бил долгогодишен зависник од опијати и бил на метадонска терпаија, поради што затворските лекари редовно го контролирале, но во текот на затворскиот престој не се жалел на здравствени проблеми.Телото на затвореникот е предадено на институтот за судска медицина, со цел да се утврдат причините за смртта.Станковски казната започнал да ја издржува на 25.05.2010, а му завршувала на 29.08.2012 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен 39-годишник од Студеничани, возел „џип компас“ евидентиран во базата на Интерпол како украден
Вчера попладне, во 15.40 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода 39-годишниот Џ.Р. од село Црн Врв, општина Студеничани, извести МВР.
„При извршена гранична контрола било констатирано дека патничкото возилото „џип компас“ со италијански национални ознаки, кое го управувал, сопственост на правно лице од Италија, евидентирано во базата на Интерпол како украдено“, соопшти МВР.
Тој бил задржан во Полициското одделение Мирковци, а возилото било одземено за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Уапсена жена во Гостивар, ограбила продавница
Вчера во 13.15 часот во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ја лишиле од слобода 47-годишната С.Ѓ., која непосредно пред тоа во трговски објект на улица „Илинденска“ во Гостивар противправно одзела неколку предмети, извести МВР.
Одземените предмети биле вратени во објектот, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Приведен крадец во Кочани, расчистени седум кривични дела
По преземени оперативни мерки и активности, полициски службеници од ОВР Кочани при СВР Штип расчистија седум кривични дела, од кои пет кривични дела „тешка кражба“ и две „тешка кражба“ на дрзок начин извршени на територијата на Кочани од угостителски и продажни објекти и една од физичко лице, извести МВР.
„Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на делата, на 27.03.2024 од слобода бил лишен Е.Р.(37) од Кочани. Во службен разговор во полициска станица тој ги признал кривичните дела, а поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случаите, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.