Контакт

Црна хроника

Пресечен меѓународен канал за шверц со оружје

Објавено пред

Пиштоли, пушки, бомби, рачни бомби, муниција, панцири, нишански направи за орудие заплени синоќа полицијата во акцијата „6.35“ за разбивање на меѓународна мрежа за криумчарење на оружје

Деветчлена група од тетовско повеќе од една година не само што препродавала и набавувала оружје, туку го модифицирала во огнено и потоа го препродавала на македонскиот пазар, на црните пазари во регионот, но и во Европската унија.Имено, криминалната група набавувала пиштоли за звучна и светлосна сигнализација од турско производство, при што дел од членовите на групата во импровизирана работилница  во село Џепчиште, вршеле адаптирање на пиштолите во огнено оружје со калибар 6.35  по што дел од оружјето го продавале.Во Македонија цената изнесувала од 100-150 евра за парче, а на пазарите во регионот и во Западна Европа ги продавале од 300-500 евра за парче.Полицијата синоќа околу 19:30 часот на патниот правец Тетово – Скопје во автомобил кај наплатната рампа „Глумово“ во „Голф 2“ открила големо количество на оружје и уапсила четири членови на криминалната група.„При извршениот преглед на возилото, пронајдени се 120 пиштоли сместени во пластични кеси сокриени зад украсните пластики под задните прозорци. Од страна на Службата возилото со потврда за одземени предмети е одземено, а лицата се приведени во Полициска станица заради вршење на информативен разговор“ рече Јанкулоска.Со цел расчистување на случајот и пронаоѓање и на други инволвирани лица, нешто подоцна на влезот на Скопје од правец на Тетово, сопрено е „БМВ 325 Караван“ исто така со скопски таблички, во кое се наоѓале две лица, од кои за едното беа обезбедени докази дека е купувач на претходно пронајдените 120 пиштоли. И овие две лица биле приведени и однесени во полициска станица.Потоа во текот на ноќта на патниот правец Гостивар – Тетoво, сопрен е „Пасат“ со тетовски регистерски таблици со кој што се превезувале две лица, од кои едниот бил купувач на оружјето.Во село Џепчиште пак, во непосредна близина на неговата куќа лишен е од слобода членот на групата, кај кого се преработувало оружјето.При претрес во неговиот дом, при пронајдена е импровизирана работилница опремена со алат за изработка и преправка на оружје, поголема количина на резервни делови за огнено оружје, како и поголема количина оружје, 22 пиштоли, 4 револвери, 6 пушки, 4 бомби, 7 рачни бомби, околу 600 парчиња муниција од различен калибар, 2 панцира, нишански направи за орудие, оптички нишани и други делови од воена опрема, алат за изработка и преправка на оружје.Против сите лица ќе биде поднеса кривична пријава за Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ

Девојка загина во сообраќајна несреќа кај Пониква

Објавено пред

Триесет и едногодишна девојка од селото Прибачево, Кочанско, загина во сообраќајна несреќа што се случи доцна синоќа на регионалниот пат Кочани-Пониква.

До несреќата дошло кога излетал од патот автомобилот во кој се превезувала таа, заедно со уште една девојка, а го управувал И.А(38) од селото Облешево, Кочанско.

Другата сопатничка, која има 28 години се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Кочани, а со телесни повреди се здобил возачот.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Куќен притвор за 16-годишникот што му ја повреди главата и му го нагмечи мозокот на хирургот Ѓорѓи Јота

Објавено пред

Судија определи куќен притвор и одземање на пасошот за 16-годишникот кој управувајќи возило без возачка дозвола, го прегази хирургот Ѓорѓи Јота, кој се здоби со тешка повреда на главата.

„Иако немал возачка дозвола, тој управувал автомобил БМВ Х6 по булеварот „Мајка Тереза“ во Скопје и кога дошол на раскрсницата со улицата „Елисие Поповски Марко“ не ја приспособил брзината на движење на возилото спрема својствата и состојбата на патот, односно наближувајќи кон обележан пешачки премин не го управувал автомобилот со брзина која би му овозможила да запре и да ги пропушти пешаците. Така, тој со возилото удрил во пешак кој во тој момент поминувал по пешачкиот премин“, информираат од Обвинителството.

Од ударот, хирургот Јота се здоби со тешки телесни повреди поради кои се наоѓа во животно-загрозувачка состојба.

Детето веднаш по несреќата го напуштило местото на настанот без да му укаже помош.

 

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тетин се обидел да ги силува внуките

Објавено пред

Тетин се обидел да изврши обљуба врз своите внуки, соопшти полицијата.

Случајот во МВР го пријавила мајката на девојчињата.

„На 26.02.2021 во 13.30 часот во Полициската станица Гази Баба, 42-годишна жена од Скопје пријавила дека Б.Н., тетин, се обидел да изврши обљуба врз нејзините две ќерки“, соопшти МВР во дневниот билтен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија58 минути

Регистрирани 305 нови случаи на Ковид-19, починаа 11 лицa

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.533 тестирања, а регистрирани се 305 нови...

Македонија3 часа

СДСМ: Немаме допирни точки со изнесените ставови на Љубчо Георгиевски

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија не се согласува со предлогот што го изнесе експремиерот, Љубчо Георгиевски, за решавање на спорот со...

Топ4 часа

Девојка загина во сообраќајна несреќа кај Пониква

Триесет и едногодишна девојка од селото Прибачево, Кочанско, загина во сообраќајна несреќа што се случи доцна синоќа на регионалниот пат Кочани-Пониква....

Македонија5 часа

Пандемијата покажа дека е потребен комплетен ресет на општествениот систем, рече професорот Даниловски

Пандемијата ја истакна важноста на глобалната соработка, ни покажа дека целото човештво се наоѓа на ист брод, дека сите сме...

Македонија6 часа

Георгиевски објави план во пет чекори за решавање на спорот со Бугарија

Експремиерот и претседател на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски, на социјалните мрежи објави акциски план за излез од, како што вели, ќориот-сокак...

Регион7 часа

Во Србија денеска ќе пристигнат уште 100.000 дози од руската вакцина

Вечерва 100.000 нови руски вакцини „Спутник В“ ќе пристигнат во Србија и тие ќе бидат пренесени од аеродромот „Никола Тесла“...

Свет7 часа

(Видео) Немири на улиците во Даблин поради карантинот

Стотици луѓе излегоа на улиците на Даблин, вчера, во знак на протест против мерките за затворање и избувна насилство. Полицијата...

Свет21 час

(Видео) На Антарктикот се отцепи санта мраз поголема од Лондон

Санта мраз, поголема од Лондон, се отцепи од Антарктикот, на дваесетина километри од британската истражувачка опсерваторија на јужниот пол. Вкупната...

Македонија22 часа

Над 80.000 членови на СДСМ ќе гласаат за нов претседател, Заев е единствениот кандидат

Зоран Заев е кандидат за нов претседател на СДСМ, а над 80.000 членови со право на глас ќе можат да...

Македонија23 часа

„Ме удрија в грб со бекатон, паднав и скршив рака“, раскажува повредениот новинар на протестот

На вчерашниот протест за „Монструм“ раката ја скршил новинарот од ТВ Сонце Борислав Стоилковиќ. Екипа на Брза помош му помогнала...

Македонија23 часа

Се бара притвор за две лица кои фрлале камења и метални шипки на протестот

Скопското обвинителство поведе постапка против двајца учесници на насилниот протест, по повод пресудата во случајот „Монструм“. Тие се гонат за...

Македонија24 часа

Регистрирани 721 нов случај на коронавирус, починаа 7 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.816 тестирања, а регистрирани се 721 нов...

Европа1 ден

Коронавирусот повторно ја затвора Европа

Повеќето европски земји повторно се одлучија за затворање и построги мерки за справување со новиот бран на коронавирус, откако новите...

Македонија1 ден

Филипче: Матичните да ги пријавуваат граѓаните над 70 години со хронични болести за вакцинација

Министерот за здравство, Венко Филипче при денешната посета на гостиварската болница изјави дека преку веб-страницата „Vakcinacija.mk“ и преку матичните лекари...

Македонија1 ден

Мицкоски е позитивен на коронавирус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски утрово информираше на социјалните мрежи дека е заразен со Ковид-19. „По забележаните првични полесни симптоми,...

Македонија1 ден

Со попишување на дијаспората в понеделник официјално почнува пописот

Со попишување на дијаспората в понеделник официјално почнува пописот. Иселениците ќе можат апликацијата за самопопишување да ја најдат на веб...

Македонија1 ден

Владата: Напаѓачите на новинарите ќе бидат казнети

Владата најостро ги осудува нападите врз новинарите на вчерашниот протест по судските одлуки за случајот „Монструм“ и најави дека ќе...

Свет1 ден

„Модерна“ почнува со тестирање на вакцини против јужноафриканскиот вид на коронавирус

Во САД следниот месец ќе почнат испитувања на вакцина развиена од лабораторијата „Модерна“ против јужноафриканската варијанта на коронавирус. Како што...

Македонија1 ден

СДСМ по пресудата за Мијалков: Се случува правда, законите важат за сите

Правдата е тука, законите важат подеднакво за сите, повеќе нема недопирливи, има силна, ефикасна правна држава, која ги спроведува законите...

Македонија1 ден

Oпозицијата бара одговорност за состојбата со вакцините

На прагот на март во Македонија нема ни една вакцина, Филипче најави дека ќе доцнат и кинеските, одговорност мора да...

Досие