Црна хроника
Приведени киднаперите на братучедите Бајрами- од нив се уште нема трага

Полицијата по 13 месеци ги приведе киднаперите на двајцата братучеди Иљаз и Исмаил Бајрами, кои беа киднапирани пред слаткарницата „Берн“ во трговскиот центар „Чаирчанка“во април минатата година.
Приведена е седумчлена група од кои четворица се од исто семејство. Според полицијата, во април, киднаперите со удари од кундаци на огнено оружје и закани, ги ставиле братучедите, во автомобил „Фолксваген туарег“ со скопски регистерски таблички и во автомобил „шевролет – каптива“ и ги однесле во непознат правец. Досега нема ни трага ни глас од киднапираните братучеди. Се започнало кога киднаперите околу 21:30 часот на 1 април дошле пред слаткарницата „Берн“ со „фолксваген – туарег“, “шевролет-каптива“ и “голф 3“ со темна боја. Излегле од автомобилите и се сретнале со двајцата братучеди кои таму стигнале со „БМВ-520“.Пред слаткарницата започнале расправија која прераснала во напад. Осомничените извадиле од возилата автоматски пушки и метални прачки и ги нападнале двајцата братучеди, удирајќи ги по телото и главата. Ги ставиле двајцата братучеди во автомобилите и заминале кон скопската населба Бутел. Нивното возило го зел еден од осомничените. Другиот ден случајот го пријавиле родителите на двајцата киднапирани. На 4-ти, истиот месец полицијата го пронајде возилото на киднапираните и е предадено на вештачење. Овој месец биле извршени претреси во домовите на осомничените. За едниот од осомничените потврдено е дека во Австрија е фатен при крадење во банка каде моментално ја издржува казната„Од извршениот претрес пронајдени се и одземени следниве предмети: шест разни моторни возила, моторцикл „кавасаки“, 20 телефонски апарати, 20 сим картички, три метални палки на расклопување, два двогледа, УСБ, компјутери, нож, прашкаста материја, печати, службена легитимација од царина, ловна пушка и други предмети кои ќе бидат предадени во Одделението за крим-техника на Министерството за внатрешни работи за вештачење“ се вели во соопштението на МВР.Сите осомничени претходно биле пријавувани за повеќе кривични дела, разбојништва, убиство, грабнување
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Во Скопје казнети 183 возачи , 30 казни за пешаци

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера на територијата на град Скопје биле изречени вкупно 183 казни.
Меѓу нив за непочитување на брзина на движење казнети биле 29 возачи, девет санкции биле изречени за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила.
„Изречени се 30 казни што ги чинат пешаците, седум санкции за користење на мобилен телефон, пет за некористење сигурносен појас, седум за минување на црвено светло и 50 казни за непрописно паркирани возила“, велат од МВР.
Потсетуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Црна хроника
Во Тетово уапсен дилер за издржување затворска казна во „Идризово“

Во утринските часови на 1 март тетовската полиција го привела 47-годишниот М. З. (47) од тетовското село Мала Речица за издржување казна затвор од една и пол година поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Осуденикот бил спроведен во затворот „Идризово“ во Скопје за издржување на казната.
Црна хроника
Обвинети шест лица за прикажување лажни ПЦР-тестови на скопскиот аеродром

Шест лица биле фатени на скопскиот аеродром со фалсификувани ПЦР-тестови на Ковид-19, кои наводно им биле извадени од лаборатории во Скопје.
„Против шест лица, меѓу кои четворица македонски државјани, една државјанка на Швајцарија и една на Велика Британија, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог за кривично дело фалсификување исправа во согласност со член 378 став 1 од Кривичниот законик.
При излез од државата, во одделни кривично-правни настани, обвинетите, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром ‘Скопје’, прикажувале лажни потврди за негативни ПЦР-тестови на SARS-CoV-2, кои наводно биле издадени од лаборатории во Скопје. Потврдите како вистински ги прикажувале пред овластените службени лица иако знаеле дека воопшто не се тестирале во наведените лаборатории“, соопшти Обвинителството.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа7 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер