Црна хроника
Апелација ја потврди пресудата за Бајруш Сејдии
Апелациониот суд во средата ја потврди пет-годишната затворска казна за кумановскиот тутунски-бос Бајруш Сејдии
Пресудата беше изречена за случајот „Пепел“ во кој им се судеше на вкупно 32-ца обвинети во криминалот со фалсификување цигари, неплаќање акцизи и злосторничко здружување. Неколкумина додека беа во притвор ја отслужија и казната. Со првостепената пресуда само зетот на Бајруш Сејдии беше ослободен од обвинението. Според пресудата, станува збор за криминална организација со јасна структура и хиерархија констатираше судот кога ја соопшти пресудата. Осудените ја оштетиле државата за околу 6,5 милиони евра, пари кои треба да ги вратат. Во спротивно ќе им биде конфискуван имот. Државата во име на дневни глоби од осудените ќе инкасира и 100 илјади евра. Веднаш по апсењето на групата на разни локации низ државата беа откриени повеќе од 20 тони цигари.Најбогатиот кумановец Бајруш Сејдиу е сопственик на неколку фирми и фабрики, поседува мотел и фудбалски клуб. За него е изречена уште една пресуда за која Апелација ќе расправа, а тоа е 12 години затвор за криминални приватизации на четири кумановски фирми, перење пари и насилство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.