Црна хроника
Обвинителките да завршат со „Пајажина” па ќе продолжат со „Надеж”
„Колешките што го работат случајот „Надеж” се зафатени со предметот „Пајажина” и заради тоа е пролонгиран рокот за одлука по тој предмет”, изјави денес обвинителот Љупчо Шврговски
Државниот обвинител Љупчо Шврговски кажа дека наскоро обвинителството ќе се произнесе и за хашките предмети, и тоа за Даут Реџепи Лека за кој наскоро ќе се донесе одлука. Другите два се во судска процедура од кои „Липково” е во фаза на истрага, а „Мавровски работници” е со обвинение пред надлежен суд.„Обвинение за случајот ’Пајажина’ се’ уште нема”, изјави обвинителот Шврговски. На тврдењата на адвокатите од овој случај дека обвинението е пишувано во Охрид кажа дека тоа се чисти шпекулации и невистини. „Обвинение се пишува во просториите на обвинителството“, рече тој. „Предметот се уште е во фаза на истрага, а кога ќе заврши тогаш ќе биде препратено до обвинителството. Истрагата не зависи од нас туку од тоа дали се преземени сите истражни дејствија што ги побарал обвинителот”, појасни Шврговски. Обвинителот Шврговски денес беше на седница на Советот на јавни обвинители каде беа избрани повеќе обвинители во неколку градови во државата. Двајца од новите обвинители се од редот на кандидатите на Академијата за судии и обвинители. Шврговски кажа дека на денешната седница не се разговарало околу одговорноста на обвинителката Гордана Гешкоска за која и тој кажа дека имала пропусти во работата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.