Контакт

Црна хроника

Македонските државјани низ Европа шверцувал кокаин вреден 15 милиони евра

Објавено пред

Двајца Македонци и еден Албанец вчера биле уапсени во Албанија при обид да прошверцуваат 200 килограми кокаин

Македонските државјани кои го превезувале камионот, натоварен со кокаин, според неофицијални информации, не знаеле дека пренесуваат дрога.Во акцијата што ја иницирала шпанската полиција и преку Интерпол информирала за случајот, била вклучена и македонската полиција. Од македонското МВР велат дека имало договор меѓу полициите дрогата да не се запленува се додека не дојде во рацете на нарачателот, па поради тоа камионот ја минал цела Европа. Македонските власти го пуштиле камионот преку граничниот премин Ќафасан, во неделата. Според информации од македонската полиција, албанската полиција предвреме соопштила дека запленила дрога иако шпанската полиција ја иницирала акцијата.Кокаинот вреден 15 милиони евра кој бил запленет во градот Ѓирокастро, на југот на Албанија бил спакуван  со десет тони масло од палма, наменет за бизнисмен од овој град кој имал слаткарска фирма.Камионот со кумановски регистерски таблички пред да влезе во Албанија, како што наведува обвинителството поминал низ повеќе европски земји вклучувајќи ја и Шпанија, Белгија, Австрија, Словенија, Хрватска Србија и Македонија.Според извори блиски до обвинителството, дрогата требало преку процес на дестилација да биде издвоена од маслото од палма.Албанската полиција соошти дека уапсила најмалку пет лица поврзани со шверцот на кокаин меѓу кои и македонските државјани.Албанија е важна земја на патот на дрогата кон западноевропските зеји. Меѓу 25 и 30 отсто од дрогата на европскиот Двајца македонски државјани вчера биле уапсени во Албанија при обид да прошверцуваат 200 килограми кокаин.Според извори блиски до обвинителството, дрогата требало преку процес на дестилација да биде издвоена од маслото од палма.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Доктор нападнал медицинска сестра на Гинекологија

Објавено пред

Медицинска сестра вработена на Гинекологија на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ утрово додека била на своето работно место во амбулантата, била физички нападната од нејзин колега, вработен како доктор.

На 06.03.2021 во 07.00 часот во СВР Скопје, С.С.(29) од Скопје пријавила дека околу 05.45 часот во амбулантата на Гинекологија на Комплекс клиники„ Мајка Тереза“ додека била на своето работно место како медицинска сестра по претходна расправија била физички нападната од Т.М.(33) од Охрид, вработен како доктор.

Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Човечко тело во распаѓање пронајдено во канал на реката Лепенец

Објавено пред

Човечко тело во распаѓање било пронајдено вчера во село Бардовци.

Како што соопшти МВР, З.Р.(40) од Скопје пријавил дека во с.Бардовци,скопско, во близина на сепарација, во канал на реката Лепенец било пронајдено човечко тело кое било делумно распаднато.

Телото било извадено и по наредба на јавен обвинител е предадено на Судска медицина за обдукција.

Прикажи повеќе...

Топ

Загина градежен работник во Гевгелија паѓајќи од скеле

Објавено пред

Градежен работник од Богданци паднал од скеле и починал на лице место, додека работел на објект во изградба во Гевгелија.

Несреќата ѐ, која се случила вчера, била пријавена од Итната медицинска помош Гевгелија, дека на старата автобуска станица во Гевгелија, имало починато градежен работник при вршење на градежни работи.

На местото на настанот излегле увидна екипа од Полициската станица Гевгелија, јавен обвинител и трудов инспектор, при што било констатирано дека се работи за Н.Т.(45) од Богданци, кој околу 13,15 часот на објектот во изградба изведувал градежни работи при што паднал од скеле, по што починал на лице место.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е пренесено во Институтот за Судска медицина и криминалистика во Скопје за обдукција.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

Русија во разговори со СЗО за итна употреба на вакцината „спутник В“

Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко денеска разговараше со генералниот директор на СЗО за барањето на Русија за итно одобрување...

Македонија8 часа

Мицкоски од инфективна: Ќе се спасите од мене само ако не се разбудам утре

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се огласи од инфективната клиника, каде се лекува од коронавирус. Тој порача дека овој ден...

Македонија9 часа

Нови 722 заболени и девет починати од Ковид-19 во Македонија

Во последните 24 часа се направени 3.701 тестирања, а регистрирани се 722 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 375,...

Топ10 часа

Загина градежен работник во Гевгелија паѓајќи од скеле

Градежен работник од Богданци паднал од скеле и починал на лице место, додека работел на објект во изградба во Гевгелија....

Македонија10 часа

Тодоров: Мицкоски не само што е пречка за обединување на ВМРО, туку е пречка и за обединување на македонскиот народ

Поранешниот министер за здравство Никола Тодоров се обрати до членството на ВМРО-ДПМНЕ и повика на обединување. „ Почитувани граѓани, почитувани...

Македонија15 часа

Вакцинацијата со руската вакцина во Македонија ќе почне в среда

Вакцинацијата со руската вакцина „спутник в“ во Македонија ќе почне в среда, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Вакцините ќе...

Македонија16 часа

(Видео) Ѓорчев: Кенија, Руанда, Судан, Гамбија и Сенегал набавија вакцини, фијаско на Заев и Филипче

Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ ги обвини премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче, за фијаско со набавката на...

Топ16 часа

Во Тетово приведен наркодилер баран од германската полиција

Полицијата во Тетово приведе 30-годишен наркодилер по кого Интерпол Германија има распишано потерница. Според информациите на МВР, вчера полициски службеници...

Македонија17 часа

Затворена чајџилница во Гостивар, приведен сопственикот

Полицијата затекна 11 гости во чајџилница во Гостивар, после 21 часот. Сопственикот е приведен и против него ќе биде поднесена...

Регион18 часа

Делумно затворање во Србија – угостителските објекти и продавниците нема да работат цел викенд

Од денес напладне во 12 часот до понеделник во 6 часот наутро во Србија ќе се применуваат нови мерки на...

Свет1 ден

СЗО: Целосниот извештај за потеклото на Ковид-19 на крај на март

Светската здравствена организација се откажа од плановите за објавување на првите резултати од истрагата за потеклото на коронавирусот во Кина...

Европа1 ден

Состојбата во Чешка критична, дел од пациентите се испраќаат во други земји

Чешка побара од Германија, Швајцарија и Полска да примат десетици пациенти заразени од Ковид-19, бидејќи состојбата во чешките болници е...

Македонија1 ден

Убиецот на Мартин Нешкоски од Бугарија спроведен во затворот „Идризово“

За помалку од месец по апсењето, Бугарија го екстрадира специјалецот Игор Спасов, убиецот на Мартин Нешкоски. Пред 25 дена тој...

Македонија2 дена

Руската вакцина ќе пристигне во Македонија оваа недела

Премиерот Зоран Заев соопшти дека, најверојатно, првите 3.000 вакцини „спутник в“ ќе пристигнат во земјата в недела. „Еве, јас знам...

Македонија2 дена

Медицинска сестра од Ортопедија за операција барала 300 евра, бонбониера и пијалак, во полиција ја пријавиле доктори

Медицинска сестра од Клиниката за ортопедија е обвинета дека за операција барала и добила 300 евра, бонбониера и пијалак. Во...

Топ2 дена

Прекината свадба во Тетово, притворен сопственикот на угостителскиот објект

Полицијата вчера прекинала свадба со 110 гости угостителски објект во Тетово. Приведен е сопственикот на угостителскиот објект. „По претходна пријава,...

Топ2 дена

Познат идентитетот на убиените во Топанско Поле

МВР со детали за пукањето ноќеска во скопската населба Топанско Поле. Како што се наведува, убиени се лицата А. Б....

Регион2 дена

„Блиц“: Колапс на системот во Врање – преполни болници, а Македонците стигнаа на шопинг

Епидемиолошката состојба во српскиот град Врање е вонредна и исклучително тешка, предупредуваат експертите во земјата. Покрај наглото зголемување на бројот...

Европа2 дена

Молдавија прва во Европа доби вакцини преку „Ковакс“

Молдавија е прва европска земја што доби вакцини против коронавирусот од глобалната програма „Ковакс“, објави претседателката Маја Санду. Таа на...

Свет2 дена

(Видео) Во зоолошка во Сан Диего вакцинирани мајмуни против коронавирусот

Девет мајмуни во зоолошката градина во Сан Диего – четири орангутани и пет бонобо – се вакцинирани против Ковид-19, со...

Досие