Црна хроника
Кичевчанец го убил, па го запалил сопствениот татко
Кичевчанецот Кадри Нусуфи од село Зајас е трупот кој во петокот беше пронајден изгорен во автомобил „Мерцедес“ кај местото Сеферов Бунар на патот Кичево – Гостивар, соопшти МВР
Полицијата утврдила дека неговиот син заедно со негова пријателка од тетовското село Шемшево го убиле, а потоа го запалиле седумдесет и едногодишниот старец. Причините за убиството се нарушени семејни односи меѓу таткото и синот.Според полициските информации, неговиот син со својата пријателка го планирале убиството од поодамна. Тетовчанката повеќе пати му се јавувала на Кадри со цел да се видат и да закаже средба со него.Се сретнале во Кичево и потоа се упатиле кај Сеферов бунар. Претходно син му и дал на девојката 500 евра за да набави оружје, а на местото на средбата девојката стигнала со изнајмен автомобил.Во Кичево, пред да се сретне со Кадри, девојката се сретнала со син му кој и го репетирал пиштолот. Девојката му го оставила изнајмениот автомобил на синот на Кадри и заминала со старецот кон Сеферов камен со неговиот „Мерцедес“.Кога стигнале таму, девојката го вперила пиштолот кон Кадри и испукала два куршуми во вратот и грбот.По убиството дошол син му кој го полеал со бензин телото на татка си и го запалил.По убиството, девојката заминала со изнајменото возило, а синот пешки го напуштил местото фрлајќи го пиштолот во блискиот поток.Полициските инспектори го пронашле пиштолот и го предале на понатамошно постапување. Против синот и девојката ќе бидат поднесени кривични пријави за кривично дело убиство.Во петокот полицијата пронајде човечки леш во опожарен „Мерцедес 123“ на задното седиште од автомобилот. Во возилото беа пронајдени изгорени пушка и пиштол.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.