Црна хроника
Се пленат возила на Рамковски
Полицијата заплени пет возила, од кои четири комбиња на фирмата Плус продукција, дел од судскиот случај „Пајажина“
Полицијата постапува по наредба на Обвинителството и налог даден пред 20 дена. Налогот е за 16 возила, но полицијата не успеала да ги пронајде. Возилата се запленети како мерка за обезбедување имот додека се работи предметот „Пајажина“. Возилата до правосилност на пресудата ќе останат во Агенцијата за конфискација на нелегално стекнат имот. Доколку има правосилна осудителна пресуда во тој случај возилата ќе бидат дадени на продажба. И во текот на денешниот ден адвокатите од „Пајажина“ не го добија обвинителниот акт. Од судот биле известени дека немало хартија и тонер за да се фотокопира обвинението. Обвинението и финансиското вештачење се на скоро 200 страници. Обвинителен акт немаат добиено ниту обвинетите кои се во истражниот затвор Шутка и во куќен притвор. Според законот предметот веќе треба да е доделен на судија, но и овој податок за адвокатите не е познат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.