Црна хроника
Укинат уште еден притвор за предметот „Метастаза“

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот Суд Скопје 1 Скопје, по предметот во јавноста познат како „Метастаза”, укина еден притвор и одби еден предлог за укинување на притвор во предметот „Метастаза“
Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот Суд Скопје 1 Скопје, по претходно добиено негативно мислење од Основното Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје, по предметот во јавноста познат како “Метастаза”, на 28 месецов донесе решение со кое го уважи предлогот на одбраната за укинување на мерката куќен притвор против обвинетиот З.Б. од Скопје со понудена гаранција и према ова лице е определена гаранција со ставање хипотека на недвижен имот, како поблага мерка за обезбедување на нивното присуство во текот на кривичната постапка. Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот Суд Скопје 1 Скопје, по претходно добиено негативно мислење од Основното Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје, по истиот предмет, на 24 овој месец донесе решение со кое го одби предлогот на одбраната за укинување на мерката притвор против обвинетиот С.Ј. од Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Беровци во продавница правеле прослава, пријава за 14 лица

Полицијата поднесе кривична пријава против 14 лица од беровското село Двориште затоа што за Стара Нова година, односно Василица, биле затекнати на прослава во продавница.
Според информациите на МВР, кривична пријава е поднесена против Ј. К. (40), Х. М. (21), К. С. (41), Д. К. (54), Д. М. (43), С. К. (37), З. Ч. (40), Т. К. (31), П. К. (58), Б. П. (30), Б. К. (25), Н. Џ. (22), Д. Џ. (26) и Т. К. (40), сите од село Двориште, Беровско, за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
„Пријавените, на 13 јануари, околу 1 часот по полноќ, во продавница во селото Двориште организирале прослава во затворен простор, со што постапиле спротивно на здравствените прописите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување ширење на заразната болест Ковид-19“, соопшти МВР.
Црна хроника
82 санкции за брзо возење на автопатот Гевгелија – Куманово

Во текот на вчерашниот ден (4.3.2021) мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената на автопатот Гевгелија – Куманово, при што санкционирани се 82 возила.
Од нив, девет се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.
Црна хроника
Тешко повреден тетовец, кој со автомобил излетал од патот

Педесет и двегодишен тетовец е тешко повреден кога синоќа со автомобил „опел корса“ излетал од автопатот Гостивар – Тетово.
Во незгодата возачот добил тешки телесни повреди констатирани во Клиничкиот центар во Тетово. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на СВР Тетово.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“