Црна хроника
Дваесетгодишен кумановец загина на патот Куманово – Крива Паланка
Кумановецот Предраг Гелевски (20 години) утринава го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, на седум километри од Куманово, соопштуваат од СВР Куманово
Во сообраќајката полесно се повредени и уште двајца други кумановци, дваесет ипетгодишниот Даниел Т. и дваесет иосумгодишниот Тони Ј. Сообраќајката се случила кога Предраг Гелевски со своето БМВ движејќи се од Куманово кон Крива Паланка изгубил контрола и удрил во браникот на патот. Одбивајќи се од браникот преминал на левата лента, налетал на комби „пежо боксер“ и удрил во него. Од ударот Галевски се здобил со тешки телесни повреди и починал во болница. Другите двајца патници на комбите се здобиле со полесни телесни повреди и пуштени се на домашно лекување.На местото на сообраќајката извршен е увид и се утврдуваат точните причини за несреќата. Неофицијално Галевски изгубил контрола поради лизгавиот коловоз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.