Црна хроника
Штипјани пуштиле во оптек фалсификувани денари
Тројца штипјани се обиделе да пуштат во оптек фалсификувани банкноти, сите во апоени од по 500 денари и со ист сериски број, соопшти Министерството за внатрешни работи
Триесет идвегодишниот Г.Ј., како и 30. годишниот А.А. од Штип лани набавиле непозната количина на фалсификувани банкноти и сакале да ги пуштат во оптек. Во ноември 2010 г., пуштиле во оптек 18 банкноти на тој начин што му ги продале на 43. годишниот Т.А. од Штип, за кои тој платил 2.000 денари, иако знаел дека се фалсификувани. Тој ги сокрил фалсификуваните пари во својот дом со намера потоа да ги употреби. При претрес во неговиот дом банкнотите се пронајдени и одземени, а со вештачење е потврдено дека се фалсификувани.Против тројцата е покрената соодветна кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.