Црна хроника
Пукање во Букович, еден повреден
Едно лице е повредено при престрелка во скопското село Буковиќ вчера околу 19 часот, соопштуваат од СВР Скопје.
Според полициските податоци, триесет и тригодишниот А.Б., жител на селото, со возило дошол до местото каде што се случила престрелката и започнал расправија со дваесет и едногодишниот Н.Р.Почнале да се тепаат, по што А.Б. извадил пиштол и го испукал дваесет и едногодишното момче во пределот на стомакот.По пукањето влегол во автомобилот и избегал. Повредениот жител е пренесен во градската болница „8-ми септември“ каде е задржан на понатамошно лекување. Полицијата го расветлува обидот за убиство и трага по напаѓачот.Во истото време, во селото Батинци, се случила масовна тепачка меѓу две семејства. Во тепачката, освен клоци и тупаници биле употребени дрвена прачка, метална шипка и чекан, кои биле најдени на местото на инцидентот и предадени на вештачење.Од едната страна учествувале шест лица од едното семејство, а од другата страна пет лица, роднински поврзани меѓу себе. Во тепачката речиси сите учесници се здобиле со повреди, расекотини на главата, расекотни на тилот, десната слепоочница, повреди на подлактицата. Причина за тепачката биле нерасчистени имотно-правни односи. Едната фамилија купила пат од другата фамилија, но не им било дозволено да градат на него, туку само да се движат по него.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.